Филмска забава во Барфлај

0
373

Во оф-програмата на филмскиот фестивал Браќа Манаки, има многу концерти и забави. Повеќе кафе- барови во Битола, го ставија своето работење во функција на фестивалот.
Меѓу нив и Барфлај со мотото Забавата е филмот.
Викендов Dj Juksel од Охрид, не забавуваше со филмска музика, а ние уживавме во амбиентот што го креираше My creative team по повод двегодишниот јубилеј од брендирањето на Барфлај.

Малкумина знаат дека овој локал всушност името го добил по истоимениот филм снимен во 1987 година по сценарио на Чарлс Буковски. Оваа асоцијација со филмот на Буковски, истата вечер ни беше доловена преку картички со дијалози и фотографии од сцени од филмот поставени на хелиумски балони.

Барфлај во свој стил како и секогаш додека трае фестивалот, ги забавува присутните секоја вечер со различен диџеј. Во понеделникот за забавата се погрижи диџеј Пеце Лимон, денес е диџеј Боца, а следните денови за атмосферата ќе се погрижат диџеј Зоре, диџеј Чико, диџеј Милан од радио 106.