Филмска забава во ноќниот клуб Позитив

0
1141

Секој филм започнува со музика -беше мотото со кое се отвори ноќниот клуб Позитив a како дел од оф програмата на фестивалот Браќа Манаки.
Отварањето беше со Љубојна и Џамбо во една прекрасна атмосфера и нов начин на изведба на добро познатите песни на Љубојна.

На забавата беа присутни гостите на ИФФК. Браќа Манаки кои воодушевени од музиката на Љубојна, ја оценија забавата како една од најдобрите на кои биле.

Денес забавата во ноќниот клуб Позитив, продолжува со диџеј Андреј Ѓошев.