Филмскиот свет се собра во Битола

0
234

Под мотото „Филмот е убав“, денес во Битола започнува 36-тото издание на ИФФК Браќа Манаки.

По повод свеченото отварање, на денешната прес конференција, беа претставени добитниците на специјалната „Златна камера 300“, за особен придонес во филмската уметност-легендата на европскиот филм Бруно Ганц и рускиот актер Алексеј Серебрјаков.11990672_10206979318575461_5666054292444017220_n

Алексеј е главната улога во чудовиштето од филм „Левијатан“, во режија на Андреј Звагињцев.
Ретко кога во историјата на филмот еден актер остава таква неизбришлива трага како Серeбрјаков во овој филм. И ретки се актерите кои можат да ги спојат сите потребни емоции во лицето, во само еден миг. А Серебрјаков го знае, односно го има тоа во себе, и го употребува секогаш кога е потребно тоа во „Левијатан“ .
11960201_10206979317935445_1719619481616651221_n

Ганц, својата најтешка актерска задача, ја претвора во предност „живеејќи“ на филмското платно во ликот на Адолф Хитлер, во филмот на Оливер Хиршбигел-Хитлер, последни денови, каде што Ганц, со својата возбудлива актерска харизма, успева од овој лик да ја извлече неговата подла и несигурна страна на понизен и ограничен човечки лик.

Витези на чистиот актерски израз со улоги во повеќе филмови.

Двајцата ја делат истата професија, припаѓаат на различни генерации и географски и творечки простори, но секој од нив е актерска пројава пред која публиката се поклонува зашто во секоја наредна улога се надминува себеси.

Покрај славните актери Бруно Ганц и Алексеј Серебрјаков ─ на кои ќе им биде доделена Специјалната „Златна камера 300“, за особен придонес во филмската уметност ─ на црвениот килим ќе продефилираат и двајцата кинематографери, лауреати на Наградата за животно дело – „Златна камера 300“, Ришард Ленчевски и Божидар-Бота Николиќ. На третиот добитник, Јаромир Шофр, наградата ќе му биде врачена на свеченото затворање, на 27 септември.
По црвениот килим, церемонијата ќе се префрли во салата на Центарот за култура, каде директорот на Фестивалот, Димитар Николов – Таки ќе ја поздрави публиката.

Фестивалот започнува со светската премиера на филмот „Лазар“, во режија на Светозар Ристовски. По проекцијата, екипата на „Лазар“ ќе се поклони на сцената.