Финансиска полиција: МОСТ одбива секаква соработка со инспекторите

0
384

Управата за финансиска полиција соопшти денеска дека невладината организација “МОСТ” одбива секаква соработка со овластените службени лица од финансиската полиција и оневозможува увид во бараната документација.

Финансиската полиција тврди дека по добиена пријава за сомнителни трансакции од банкарските сметки на “МОСТ”и други блиски субјети, било побарано од сметководството на невладината организација да бидат доставени податоци за основот за префрлување на поголеми суми девизи (долари и евра) на сомнителни сметки на физички лица во Либан, Јордан, Киргистан, Албанија, Тунис , како и окупираната палестинска територија.

Според соопштението на финансиската полиција и покрај максимално коректниот однос на инспекторите, првиот човек на МОСТ одговорил дека не е во можност да им ги достави на увид бараните документи.

“ Искрено како финансиска полиција сме затечени од ваквиот пристап на невладината организација и сеуште е нејасно од кои причини не ни се овозможува увид во документацијата за трансферите на стотици илјади евра и долари на сомнителни сметки во држави од блискиот исток” –  се вели во соопштението на МОСТ.