Финансиската полиција ја проверува документацијата во општина Струмица

0
290

Финансиска полиција ја проверува докумнетацијата за јавните набавки на општина Струмица, каде градоначалник е лидерот на опозициската СДСМ, Зоран Заев.

Од Општината велат дека биле обезбедени и предочени на увид сите неопходни документи. „Сите досегашни инспекциски контроли во Општина Струмица во изминатите години го покажаа законското работење на општината и градоначалникот“, се вели во соопштението.

Инспекцијата следува по прес конференциите на пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Васил Пишев на кои обвини дека општината плаќала многу поскап превоз за ученици.