Битолска фирма во магацин имала крзна од ракун и лисица со непознато потекло

0
1292

Фирма од Битола која е во сопственост на лице од Хонг Конг, а чиј управител бил грчки државјанин, не платилa царински и други давачки за кожа од јагне, крзно од ракун во парчиња, крзно од лисица, соопштуваат од Царинската управа.

При контролата на компанијата пронајдена е стока со непознат царински статус, која соодветствува на дејноста која ја извршува компанијата и која е формално раздолжена, а физички е присутна во магацините на компанијата.

Се работи за 286,11 метри квадратни кожа од јагне, 1.273 метри квадратни постава, 15,1 килограми футер, 18,9 килограми крзно од ракун во парчиња, 1.445,25 килограми  крзно од лисица во парчиња, 5 парчиња составени крзна од лисица и 16 употребувани машини за  шиење.

Стоката со непознат царински статус е во вредност од 947.440,00 денари, а износот на избегнати царински и други давачки изнесува 278.924,00 денари. Против компанијата, како и одговорните лица во компанијата е поведена соодветна  постапка.

Врз основа на законските овластувања Службата за надзор на иматели на Одобренија при Царинарница Битола на 24, 25 и 26 февруари 2016 година извршила вонредна теренска контрола кај компанија од Битола – имател на одобрение за царинска постапка „увоз за облагородување со систем на одложено плаќање“, со цел утврдување на фактичката состојба во магацинот за репроматеријали. /крај/мф