Фирмите на Трамп натрупале долгови од 650 милиони долари

0
280

Фирмите на Доналд Трамп натрупале долгови од вкупно најмалку 650 милиони долари – двојно повеќе од прикажаните од републиканскиот претседателски кандидат во рамките на неговата кампања, објави во „Њујорк тајмс“.

Весникот ангажирал специјализирана компанија за информации за недвижен имот, за да собере податоци за имотите на магнатот, а особено за канцелариски згради и терени за голф во негова сопственост.

Истрагата на изданието покажала дека освен обврските од 650 милиони долари, значителен дел од состојбата на Трамп е обврзана со три партнерства кои должат вкупно 2 милијарди долари на куп кредитори.

Меѓу доверителите на империјата на Трамп е „Bank of China“ – една од најголемите државни банки во Кина (земја која милијардерот редовно ја претставува како трговски партнер), како и „Goldman Sachs“ – познатата инвестициска банка, која Трамп ја обвинува, дека и помага на неговата противничка Хилари Клинтон.

Магнатот сака да го потенцира успехот во бизнисот, претставувајќи го како гаранција за неговата способност да управува со САД. Тој, сепак, одбива да ги објави јавно приходите, како и да дозволи независна ревизија на состојбата на бизнисот, забележува Франс прес.

Во предизборната кампања Трамп се обидуваше да наметне претстава себе како бизнисмен кој ги заработил со труд милијардите и не должи никому ништо, забележува „Њујорк тајмс“.