ФК Пелистер ќе организира голема прослава за Купот на 28 мај

0
2795

Фудбалерите на Пелистер по пауза од 16 години повторно ги израдуваа битолчани со еден трофеј и овој пат од националниот Куп.

Во вчерашното финале пелистерци по пеналите беа поуспешни од Шкендија (4-3) и донесоа огромна радост кај своите најверни фанови кои во голем број допатуваа во Струмица.

Големото славје за освојувањето на Куп титулата ќе биде на 28 мај, веднаш по завршувањето на последниот натпревар од шампионатот на Македонија помеѓу Пелистер и Вардар.