ФК Пелистер: Таканаречени редари ги удираа, влечеа, тегнеа и им се закануваа на нашите фудбалери

0
2021

На повидок е нов скандал во македонскиот фудбал, откако фудбалерите на Пелистер беа малтретирани за време и по завршувањето на мечот во населбата Маџари во Скопје против екипата на Љубанци. Битолскиот второлигаш со официјално соопштение ја разјаснува ситуацијата која е за целосна осуда.

„Натпреварот започна со задоцнување, откако ние имавме проблеми со превозот, а потоа и со изготвување на записникот. Се беше фер и коректно до крајот на првото полувреме, но потоа настана вистински кошмар. Откако заврши првиот дел, пред соблекувалната не пречекаа редарите и неофицијални лица кои вербално и физички не нападнааа. Ни упатија закани дека мора да загубиме, а исто така удираа по нашите фудбалери. Нормално дека ние фер и коректно го одигравме второто полувреме, но по крајот на мечот следеа уште потешки моменти. Бројот на тие редари, кои наместо да стават ред, направија безредие се зголеми. Нашите фудбалери и стручен штаб беа удирани со шлаканици, тегнати за уши, бевме навистина малтретирани. Сето тоа се случуваше пред очите на минималниот број на припадници на МВР (3 до 5 полицајци), кои немо посматраа, а интервецираа дури откако натегањата завршија. Среќа во несреќа е што сите се добри, поминавме без повреди, но вакво нешто е за строга осуда. Ние сме коректни кон сите екипи кога сме домаќини, губевме натпревари и бодови, но спортски им честитавме“, се вели во соопштението на ФК Пелистер.

Мечот Љубанци – Пелистер заврши без победник 0:0 и тој резултат не им одговара на двете екипи во исполнувањето на целта.

Без коментари

LEAVE A REPLY