Флај Емиратс започнува со најдолгиот лет на светот од Дубаи до Панама Сити

0
1265

Авиокомпанијата Флај Емиратс следната година ќе го пушти за прв пат најдолгиот лет во светот на дестинацијата меѓу Дубаи и Панама Сити.

Од 1 февруари 2016 година боинг 777-200ЛР што може да пренесе 266 патника ќе лета на патека долга 13.821 километри, објавија од авиокомпанијата. Летот е предвидено да трае 17 часа и 35 минути.

 „Панама Сити ќе биде наш влез во централна Америка и е одлично решение за патниците што патуваат од Дубаи кон разни други дестинации во централна Америка, Карибите и во северниот дел на Јужна Америка“, изјавил извршниот директор на авиокомпанијата Ахмед бин Саед ал Мактум.

Летот на Флај Емиратс ќе биде 17 километри подолг од сегашниот најдолг лет на австралиската компанија Квантас што се одвива од Сиднеј до Далас.

www.mkd.mk