Флеш моб посветен на Франкофонијата во Битола

0
235

Флеш моб е специфичен социјален екперимент кој потекнува од интернет. Група на луѓе се собираат на некое јавно место во точно одредено време, симултано прават нешто заедничко и потоа се разидуваат.
Флешмоб активностите се светска атракција и не постои светска метропола во која не се одржал перформанс од ваков вид.
Па така и Битола беше дел од листата на градови во кои се одржуваат благодарение на Здружението на професори по француски јазик од нашиот град кои и оваа година, традиционално, организираа активности за прославување на месецот на франкофонијата.
Најголемата од нив – флеш мобот се одржа на плоштадот Магнолија, на која учествуваа околу 200 ученици кои го изучуваат францускиот јазик од основните и средните училишта во Битола и општините Новаци и Могила .
Ученисниците во активноста, облечени во маички во боите на франкофонијата, преку заедничката изведба на големиот француски хит – нумерата „Alors on danse“, покажаа дека изучувањето на францускиот јазик е основа врз која се создаваат нови пријателства и креативни перформанси и упатија порака дека франкофонијата се уште живее во Битола и е дел од нивното растење.