Фолк естрадата за забраната на ЗАМП

0
1193

Здружението за заштита на авторските и музичките права  забрани јавно емитување на музика од автори, кое се нивни членови. Причина за ова , како што е наведено во соопштението на ЗАМП е повеќегодишниот притисок од Министерството за култура врз работењето на ова Здружение и создавањето со можноста  да се формира паралелно здржение за истите права во случајов СОКОМ МАП. Додека ние на преспанскиот јаболкобер на првата  фолк вечер се сретнавме со тројца македонски пејачи кои го кажаја нивниот став околу забраната на ЗАМП.

elena-velevka– Сега сме големи жртви со оваа ситуација измеѓу ЗАМП и Министерството за култура , невини луѓе се тука жртви како и изведувачите така и медиумите и мислам дека ќе се среди овој спор меѓу нив, ќе седнат на маса да го решат бидејќи штетата е врз македонскиот народ, ние си штетиме самите себеси,  да се обидинеме и медиумите и естрадните уметници. Мислам дека треба штрајк да се направи бидејќи овој проблем мора да се реши, изјави естрадениот уметник Елена Велевска

После оваа забрана следуваа бурни реакции на интернет порталите и на социјалните мрежи.

efto-Ова што се случи е чудо за чудење, удрија по нас , луѓе кои ја правевме македонската песна кои го врежувавме тој национален белег во свеста на македонскиот народ и како такви се презентираме пред нашите народи само за да се задоволат нечии интереси нанесувајќи историска штета на медиумите и на нас пејачите и композиторите, вели Ефто Пупиновски

Македонските изведувачи особено медиумите во Македонија се неоѓаат во позиција незнаејќи што да прават, бидејќи од една страна ЗАМП за секоја пуштена песна од македонските автори по објавувањето на забраната вели дека следува судска тужба .
mile
-Се надевам ќе најдат модус како да го договорат тоа да бидат сите страи задоволни за да не трпи македонската музика и народ. изјави естрадниот уметник  Миле Кузмановски
Од друга страна од истиот датум стапува на сила новата законска обврска за медиумите, која ги обврзува на пуштање најмалку 50 % македонска музка на своите фреквенции.

Без коментари

LEAVE A REPLY