Фолклорни групи од Полска, Италија и Хрватска за јубилејното издание на Илинденски денови

0
233

Центарот за култура-Битола, организатор и домаќин на републичкиот фестивал на народни песни и игри „Илинденски денови”, соопшти дека е утврдена програмата за претстојното јубилејно 45-то фестивалско издание што ќе се одржи од 28 јули до 1 август во Битола.Директорот на Центарот за култура-Битола, Борче Димитровски информираше дека годинава има неколку фестивалски новини и повторно силна меѓународна програма која ќе ја исполнат фолклорни групи од Полска, Италија и Хрватска.

Илинденски денови, ја презентира желбата да се зачува, а истовремено да се популаризира изворниот фолклор.
Се одржува секоја година наспроти националниот празник на македонскиот народ 2-ри август- Денот на Илинденското востание. Фестивалот секогаш се одржува од 29 јули до 1 август. На него достојно се афирмираат народните песни и игри, не само на македонскиот народ и народности кои живеат во Македонија, туку и на народите од светот. Како меѓународна фолклорна манифестација предизвикува голем инерес и во другите земји, чии фолклорни друштва и групи досега имаат земено учество на него. Фестивалот “Илинденски денови” има и други значајни придружни манифестации: изложба на дески цртежи со мотиви од народниот фолклор, изложба на народни носии, “Илинденски караван” од учесниците на фествалот кои даваат концерти и во други места во Македонија, научни собири за фолклорот и др. Тука, посебно треба да се истакне и одржувањето на Големото битолско фолклорно дефиле низ улиците на градот што се организира на 29 јули, непосредно пред почетокот на фестивалот. Тоа е вистински празник на фолклорот во Битола.
Најстариот фестивал во градот и оваа година ќе го примени проверениот концепт на масовност и квалитет. Во Битола ќе настапат над 1.000 учесници од 30 ансамбли и културно уметнички друштва од Македонија и три атрактивни ансамбли од Полска, Хрватска и Италија. Во придружните манифестации ќе продолжиме со „Оро на Широк Сокак”, „Ехо од дамарите”, а интернационалната вечер ќе се одржи на плоштадот „Магнолија”. Свеченото затворање на фестивалот годинава им го доверивме на членовите на групата „Љубојна” чиј спектакуларен концерт ќе биде посветен на богатата чалгиска традиција и ќе се одржи во античкиот театар на археолошкиот локалитет Хераклеа.
Неда Маретиќ