Фолтин, Марјан Ѓорѓиевски и Љупчо Крстевски со настап за Гого

0
520

 

Со наслов- за Гого, во Центарот за култура се одржа хуманитарниот настан за помош на Горазд Николоски.

Тој ја води најтешката битка во својот живот. Нему му претстои долг и тежок период на лекување.

Центарот за култура беше местото од каде битолчани заедно со Фолтин, Марјан Ѓоргиевски и Љупчо Крстевски, ја акумулираа позитивната енергија и ја испратија на адресата на Универзитетскиот клинички Центар во Љубљана, да биде гориво со чија помош ќе возат сите сили на Гого, кои ќе му овозможат нови акробации, авантури и можност за праведна трка со висок старт.

Гого е спортист и авантурист кој досега победувал на многу спортски натпревари. Низ животот извозил многу километри, искачил многу височини, победил многу лични и спортски натпревари. А сега го трча најважниот животен маратон, на патека со многу пречки.

-Гого е голем борец, со силен спортски и победнички дух, само му е потребна мала помош од нас – напиша неговата сестра Јасна на Facebook.

Телефони за донации:TELEKOM: 070 143 191,
ONE: 075 143 650,
VIP: 077 143 193.

 

 

 

Без коментари

LEAVE A REPLY