Фолтин со настап пред битолчани

0
504

Битолчаните Фолтин, веќе со години се миленици на македонската публика од сите возрасти, но и надвор од нашите границите се пречекувани со широки насмевки. Неодамна го издадоа својот осми по ред музички албум под наслов „Пијан славеј“, а изминатиов период имаа и неколку настапи, меѓу кои и оној во кафе бар Камарите.

На последните три самостојни цедеа пеат на мајчин јазик. Тоа е она што е највпечатливо, иако на настапите сè уште користат дел од добриот стар „спонтан есперанто“.

Во театарските претстави за кои работеле музика, тука е и монодрамата со актерката Елена Моше за Едит Пјаф, правеле верзии на музички дела од Вагнер, Хендел, Дебиси, Едвард Григ и многу други.

Често настапуваат во Хрватска, Словенија, од кои земји имаат и сораборници колеги музичари-Марјан Станиќ, нивниот долгогодишен соработник-перкусионист, ,Васко Атанасовски (саксофон), со кој неодамна ја започнаа соработката, со кој настапуваа во Битола на промоцијата на последниот албум , на кој Атанасовски е и гостин на истиот.

Изминатиов период пред Битола настапува на ревијалниот дел Тк так фест,Велешката питијада, Д фестивалот во Дојран а по повод месецот на европска литература на 27 -ми овој месец, покрај промоцијата на антологија на европската љубовна поезија, настапија и Фолтин.