Фонтаната кај музејот урната, што ќе се гради?

0
3396

Пред извесно време теренот околу фонтаната беше ограден. Денеска градежни машини ја урнаа фонтаната која се наоѓа пред музејот во Битола. Побаравме одговор од општина Битола за тоа зошто се урива и што ќе се гради на оваа локација.

Еве го одговорот кој ни го испратија од општина Битола.

„ Започнати се подготвителни активности за реализација на „Проект за употреба и одржување на крстосницата помеѓу улица Партизанска и улица Климент Охридски и просторот околу фонтаната пред НУ Завод и Музеј Битола” , во рамките на што во тек се активности за партерно уредување за што се информирани службите надлежни за Заштита на културното наследство и добиени се заштитно конзерваторски услови со цел продолжување на активностите до комплетна реализиација на проектот“ стои во соопштението на општината.