Форд, Хјундаи и Пасат се судриле кај тунелот, едно лице тешко повредено

0
1602

На 05.03.2016 година во 15.20 часот на патот А3 Ресен-Прилеп кај Тунелот во Битола, се случила сообраќајна незгода помеѓу ПМВ„Форд Мондео“ со битолски регистарски ознаки, управувано од Е.А.(19) од Битола, ПМВ„Хјундаи Купе“ со битолски регистарски ознаки управувано од Ј.Е.(23) од Битола и ПМВ„Фолксваген Пасат“ исто така со битолски регистарски ознаки управувано од А.Д.(24) од Битола. Во незгодата со ТТП опасни по живот се здобил А.Д., на кој му е укажана лекарска помош во КБ-Битола и е задржан на интензивна нега. Увид извршила екипа од ПС за БПС-Битола. Во времето од 16.00 до 18.30 часот патот А3 Ресен – Битола бил затворен за сообраќај поради вршење на увид, истиот се одвивал низ градското подрачје.