Формирани комисиите во Советот на општина Битола

0
1411

По конституирањето на битолскиот совет минатата недела денес прва работна седница. Пред советниците 54 точки за расправа. Но веднш на почеток од „Поинаку“ побараа дополнување на дневниот ред. Совеничката Габриела Илиевска побара формирање на две привремени комиисии, привремена комисија за испитување на работата на општина Битола во периодот од 2005 до 2017 година и привремена комисија за туризам.

Од страна на претседателот на Советот беше побарано токите за разрешувања и именувања на членови во Управните и Надзорните одбори во јавните претпријатија Пазари, Нискоградба, Комуналец Водовод, Жабени, како и именување на нови, да бидат одложени за некоја наредна седница бидеќи како што рече изборниот процес сеуште не бил завршен и да не се случи да биде прекршен изборниот законик.

За пределогот на Илиевска да биде формирана привремена комисија за испитување на работата на општина Битола во период од 2005 до 2017 година ,процедурално побара советникот Борче Димитровски од ВМРО-ДПМНЕ кој рече дека доколку мнозинството го прифати овај предлог , се бега од суштинските прашања.

Претседателот на Совет Груевски го опемена советникот Димитровски, дека неговото излагање не било процедурано туку дека држел политички говор.А на советничката Габриела Илиевска не и дозволи да му реплицира на Димитровски.Груевски рече дека предлогот за комисијата ќе биде доставен до надлежните советнички комисии, кои денес се формираат и ќе биде ставен на гласање на некоја од следните седници.

Советот продолжи со расправа по точките за формирање на помошни тела, односно комисиите за работа на овој орган на локалната самоуправа.

Мнозинството на Советот на општина Битола на денешната втора редовна седница донесе одлука со која беа формирани помошните тела, односно комисиите за работа на овој орган на локалната самоуправа.