Формирано здружение за напредно современо образование

0
2500

Основачко собрание на здружението за напредно современо образование ВОЛВОКС, во Битола.

kolondzoski antonio

Антонио Колонџоски претстедател на здружението вели дека, здружението е формирано од потребата за поддршка на образовниот систем во сите сегменти на неговата структура.

Иако иницијативата произлегла од неколку поединци стдуенти, во зружението членуваат и професори, наставници, родители и студенти, од ран детски развој, основно, средно и високо образование.

volvoks 2

Колонџоски додава дека ќе работат и со надарени и талентирани деца со посебни методи и имплементација на одредени структури.

Подршка за формирањето добиле, како од невладини така и од институции, засегнати со ова прашање.

andrijana rajkovska

Сега се формираме, ќе почниме со работа откако нашите програми во целост ќе бидат направени, покрај на локално и национално, ќе делуваме и на меѓународно ниво, вели Андријана Рајковска административен соработник.

volvoks 1

Замислата за функционирањето на здружението е истото да се темели на основни столбови, преку партнерствата со институциите на образовниот систем, воспитно образовните установи и стручни служби, како и други субјекти поврзани со образовниот процес во земјава.