ФОТО: По подолго време четворица битолчани во репрезентација

0
536

Некогаш македонската ракометна репрезентација во голем дел беше составена од ракометари кои поникнале во школата на Пелистер. Во последниоте неколку години по пензионирањето на Стевче Алушовски и неповикувањето на Бранислав Ангеловски, бројот на битолчани во националниот дрес драстично се намали. Дури и против Шпанија во Скопје во 2013 година, за прв пат ниту еден ракометар од Битола не беше во официјалниот протокол. За турнирот во Умаг, селекторот Ивица Обрван повика четворица ракометари од Битола: Никола Митревски, Стефан Дрогришки, Филип Кузмановски и Васко Димитровски. И покрај тоа што на Пелистер не му оди и оваа сезона, битолчани се неизбежни во дресот со државниот грб.

Без коментари

LEAVE A REPLY