ФОТОГАЛЕРИЈА: Пожар на патот Битола-Ресен

0
3371

Вака гори меѓу стариот и новиот пат некаде кај клучката кај Ротино. Ова се фотографии од социјалните мрежи кои се поставени пред половина час.

Како што претходно информиравме вечерва во 21:25 часот во противпожарната единица на Битола пријавен е пожар над клучката кај Ротино.

Според информациите од 193, горела трева меѓу стариот и новиот пат.

Од таму велат дека не се работи за голем пожар, но поради ветерот голем чад се ширел во реонот.

Чадот од пожарот веќе се чувствува и во Битола.

Од полиција велат дека допрва ќе проценуваат дали заради пожарот ќе има пренасочување на сообраќајот.