ФОТОГАЛЕРИЈА: Северина на Пивофест

0
4186

Вечер на Пивофест настапија Димитар Андоновски со Тајфата, Џамбо Агушеви оркестар и балканската мега ѕвезда Северина, која по втор пат гостува на овој Фестивал.

Според прилепскиот градоначалник Марјан Ристески сите патишта деновиве водат кон Прилеп и „Пивофест“.

– Поминаа три незаборавни вечери на Фестивалот, имаше многу позитивна енергија и дружење, многу испиено пиво, изедена скара и се она што со себе го носи „Пивофестот“. Имаме луѓе дојдени тука од сите страни. Сите патишта од Македонија деновиве водат во Прилеп, рече Ристески.

На претпоследната вечер на фестивалот за веселата забава и бројните гости се погрижија музичките ѕвезди Елена Велеска, Анабела и Харис Џиновиќ.

Фотографии: Елена Павловска