Фотограф загина во Њујорк при пад од 52 кат

0
379

Млад американски фотограф загина откако падна од висококатница во Њујорк.

Фотографот Конор Камингс (24) се качил на 52. кат од познатиот њујоршки хотел „Фор Сизнс“, за да ја слика панорамата на градот, но при тоа се слизнал и загинал.

Камингс се качил на зградата заедно со пријателот Димитриј Оливарес.

По несреќата Оливарес го фатила паника и побегнал од местото, но додека се оддалечувал со такси, се предомислил и ги повикал полицијата и мајката на фотографот.

По сослушувањето полицијата го ослободила, бидејќи било јасно дека станува збор за несреќен случај.

Без коментари

LEAVE A REPLY