Фотографи и лажни хуманитарци организатори на „војната“ кај кота 59

0
354

Странски фотографи, но и лажни хуманитарци од Велика Британија и Германија стојат зад вчерашниот бегалски бунт на македонско грчката граница, дознава Плусинфо од полициски извори, кои веќе истражуваат која е заеднината на вториот бунт кој во рок од еден месец се случува на истата локација.

Денеска е мирно на „боиштето“ кај кота 59 на македонско-грчката граница.Tаму во вчерашниот обид на 3.000 мажи, жени и деца-бегалци и економски мигранти кои се сместени во бегалскиот камп во Идомени (Грција), насила, да влезат во Македонија тешко се повредени 23 македонски безбедносни службеници (14 полицајци и девет припадници на АРМ). Најголем број повредени има од страна на бегалците. Според Ахил Цемос, претставник на „Доктори без граници“ вчера во бегалскиот камп кај Идомени околу 300 лица побарале лекарска помош.