Фотографии на Видановски повторно во италијански Фото Вог

0
421

Уште две модни фотографии на младиот битолски фотограф, Владимир Видановски, се објавени за италијанскиот фото Вог.
Овојпат се работи за фотографии од најновата фото серија на Видановски со наслов history of touches, во соработка со дизајнерката Лили Кадинска и моделите Дарко Бошковски и Марија Галевска.
Фотографиите кои беа прифатени во PhotoVogue на Vogue Italia се едни од омилените од последните фото серијали на Видановски.
За тимот на италијанскиот Вог вели- Едиторијалниот тим кој е задолжен на избирање на фотки кои ќе одат во PhotoVogue имаат око кое е строго ориентирано кон тоа што им треба. Имаат многу критериуми кои треба да ги исполнува сликата, кои на некој начин се ,,тајни”, односно не ги истакнуваат на својата страна. Доколку критериумите се исполнети тогаш таа влегува во твоето портфолио на PhotoVogue. Токму поради тоа овие фотографии се 5-ти по ред објавени на страната.
Доколку фотографијата е доволно успешна, истата може да ја стават како фото на денот, со што таа станува повеќе забележителна и дава можност да биде видена од повеќе луѓе, па и потенцијални клиенти кои можеби ќе соработуваат со фотографот во иднина. Има многу фотографи што започнале на PhotoVogue па сега веќе фотографираат за самото списание, па се надевам дека еден ден ќе бидам дел од нив-истакна Видановски.