ФОТОГРАФИЈА НА ДЕНОТ

0
18308

Оваа фотографија на Широк сокак во Битола денеска ја направи нашиот снимател Јовче Талески.

Во Скопје веќе пишуваа медиумите за примери каде што на бездомните кучиња им биле отворени врати во локални кафетерии да се стоплат.

Кафетеријата „Винил“ која што се наоѓа во зградата наспроти Соборниот храм, прва ги отвори своите врати за бездомните кучиња и ја покажа својата хуманост на дело. Вработените денес го примиле во своите простории премрзнатото улично куче да се стопли, а нивната постапка предизвика лавина од позитивни критики и пофалби на социјалните мрежи.

Во соседна Грција, но и во Турција и други земји зафатени од студениот бран граѓаните згрижија голем број на бездомни животни.