Фотографија на Сашо Попоски меѓу финалистите на Wikipedia

0
3511

Една фотографија од снежните падини на Баба Планина се најде меѓу 15те избрани финалисти на интернационалниот натпревар на Wikipedia на тема „Вики ја сака земјата“.

Фотографијата ја направи битолскиот фотограф Сашо Попоски а истата е направена за време на настанот на Ловечка на Баба планина, во организација на ССНЛ, работилница Шумски фенери и планинарскиот спортски клуб Димитар Илиевски Мурато.

На натпреварот учествуваа 259 фотографии од 26 земји.