Фотографирале малолетно девојче и завршиле на суд

0
252

Деновиве тројцата турски државјани престојувале во Битола. Тие фотографирале малолетно девојче на возраст од 9 години и од него зеле лични податоци, адреса на живеење и телефонски број. По пријава на граѓани, полицијата ги идентификувала и ги предала на основното јавно обвинителство, кое пак по разгледување на предметот предложило донесување на пресуда за издавање на казнен налог со предложена санкција парична казна во износ од 50 дневни глоби ( една глоба е десет евра ) или до денеарска противредност 30.800 денари. Ваквата одлука обвинетите ја обжалиле и во судот се одржа главна расправа каде биле сослушани тројцата обвинети за кривично дело злоупотреба на лични податоци во соизвршителство, согласно кривичниот законик.

Според информациите до кои дојде Тера, тие во Битола престојувале неколку дена, за подготовка на репортажа. Во судот рекле дека не знаеле дека забрането било фотографирање и дека тоа не го сториле намерно. Се откажале и двете страни од приговори. Судот како што за Тера информира портпаролот, изрече алтернативна мерка судска опомена.