ФоТон нова рубрика на МКД.мк

0
484

Битолчани и зимава ќе се гушат во енормно загаден воздух, ова е насловот на веб сторијата на порталот МКД.МК, кој ја промовираше новата рубрика ФоТон иновативен нов жанр на презентирање на нивните новинарски приказни, кои отсега на овој сајт ќе може и да ги слушнете.

Во неколкуте стартни стории на овој нов проект се најде и таа за воздухот во Битола.

Во неа се вели дека граѓанските активисти велат дека расте бројот на заболените од рак како последица на аерозагадувањето. Специјалистите по јавно здравје смируваат дека нема драстични промени во бројките освен кај децата, но тие дијагнози не ги поврзуваат со загадениот воздух.

Од лани до сега, пишува порталот надлежните не направија ништо за да се намали аерозагадувањето во Битола, еден од десетте најзагадени града во Европа.

„Бројките се поразителни. Битола годишно има и по сто и осумдесет дена загаден воздух, или пет пати повеќе од дозволените триесет и пет дена во една година. И дозволените педесет микрограми на кубен метар многукратно беа пречекорени.

Локалните активисти од Здружението „За нас се работи“ за први септември закажаа нов протест за чист воздух. Тоа ќе биде уште еден од редицата протести што почнаа уште во ноември 2014 година.

Термоелектраната РЕК Битола, подружница на ЕЛЕМ, е најголем загадувач на општината, на државата и втор најголем загадувач во Европа. Освен што нема филтри, втор проблем е опепелувањето. Кога ќе дувне ветар, пепелта се разнесува насекаде. Но РЕК Битола произведува речиси 80 отсто од струјата во Македонија и е од стратегиско значење за државата. Од Министерството за животна средина велат дека мерките на државата се фокусирани да се намали загадувањето на воздухот од термоелектраната. Велат дека тоа е можно само со десулфуризација на РЕК и гасификација на општината. И двете се долгорочни и скапи мерки. Првата значи модерен технолошки процес, со што ќе се намалат емисиите на сулфурен диоксид и прашина, како и нова станица за третман на отпадни води. Греењето на гас сè уште е само идеја, на терен ништо не се работи.

Локалниот Центар за јавно здравје дава податоци според кои нема драстичен пораст на заболените од рак во овој регион. Од 2013 година наваму бројките осцилираат, но без драстични промени.

 

Целата сторија можете да ја видите на следниот линк.

Без коментари