Фотосесија за новата колекција на бутик Карпис

0
368

Новата колекција на бутик Карпис е со наслов SPRING RAIN.

Наменета е за сите убави Карпис дами нежни како пролетен дожд.

Ние бевме поканети на фотосесијата што се случи во прекрасниот амбиент на хотел Шатор и имавме можност да се дружиме со екипата од Мај КриејтивТим и Соња Размовска – дамата што стои зад успехот на Карпис.

Покрај фотосесијата, Карпис неодамна започна со своја реорганизација и ребредирање од Карписа во Карпис, интензивно работат на пласирање на нови пазари во Европа преку својата Онлајн продавница,

Први во регионот воведоа фејсбук и месинџер продажба со комплетно плаќање со картичка за нивните странски клиенти, а за македонските клиенти покрај картичка има можност и за плаќање при добивање на нарачката.

Карпис имаат стратегија за подобрување на услугата и во бутиците во Битола, а овие промени ги започнаа со реорганизирањето на продажните места.

Сега дамите ќе можат своите омилени модели од Карпис да ги пронајдат единствено во продажното место спроти пицерија Буре бидејќи продажното место спроти Веро отсега натаму ќе нуди избор само на машка облека. Значи во горниот дел на Широк сокак го имаме Карпис за Машка облека а во долниот дел на широк сокак Карпис за женска облека. За да ги прослават своите промени Карпис ги поканува своите клиенти во овие продажни места каде до крај на неделата ќе имаат можност да ги купуваат сите колекции со попуст од 20% – освен новата Spring rain.