Франкофонски детски театарски претстави

0
384

Денот на франкофонски театар и оваа година се одбележа во Битола во Центарот за кулутра во соработка со ОУ„Св.Кирил и Методиј“ .

Настанот беше под покровителство на Францускиот институт и соработка со Француската алијанса од Битола, националната комисија за франкофонија и здружението на професори по француски јазик.

Пред присутните гости се обрати директорката на училиштето Кристина Полизовска, а фестивалот за отворен го прогласи почесниот конзул на Франција Калиопа Кривашија Стилиновиќ.

На манифестацијата се претставија 11 театарски групи од различни делови на Македонија и тоа Битола, с.Ивањевци, Куманово, Крива Паланка, Тетово и Неготино.

Претставите ги следеше трочлено жири во состав Каролина Златевска, Бојан Стојков и Софија Јанковска Талевска, кое додели повеќе награди и тоа за најдобар актер, за најдобра актерка, за костимографија, за изговор на француски јазик и најдобра татарска претстава.

Настанот се одржува традиционално во рамките на програмата за одбележување на франкофонијата во Македонија.