Франција бара ограничување на приемот на бегалци во ЕУ

0
293

Францускиот премиер Мануел Валс денеска побара од ЕУ да го огранички бројот на бегалци кои ги прима, имајќи ги предвид острите мерки на безбедност воведени по терористичките напади во Париз.

Во интервју за германскиот весник Зидојче Цајтунг, Валс вели дека „Европа мора да каже дека не може веќе да прима толку многу бегалци“, бидејќи „контролата на надворешните граници на ЕУ е од пресудно значање за иднината на Унијата“.

-Доколку тоа не го направиме, луѓето ќе кажат: Европо, доста е! Европа мора да најде друг начин да им обезбеди сместување на бегалците во земјите што граничат со Сирија. Во спротивно се доведува во прашање способноста за ефикасна контрола на границите, вели тој.