Франција бара затворање на границите во Европа

0
508

Оваа недела Франција ќе побара ефективно суспендирање на Шенгенот и затворање на границите во Европа, дознава британски Телеграф од дипломатски извори. Оланд бара другите европски земји да почнат да го утврдуваат идентитетот на патниците во зоната на слободно движење низ Европа.

Ова радикално барање наводно е резултат на терористичкиот напад во Париз и ќе се постави на итниот состанок на министрите за внатрешни работи на ЕУ во Брисел в петок.

„Французите ќе бараат воведување гранични проверки, особено во Белгија, но и на поширокото европско подрачје. Ова, исто така, ќе биде и привремена суспензија на Шенгенот“, рекол изворот на Телеграф.

Без коментари

LEAVE A REPLY