Франција е вториот финалист на ЕУРО

0
462

Репрезентативците на Франција ја совладаа Германија 2-0 (1-0) и сепласираа во финалето на Европското првенство во фудбал. На „Велодорм“ во Марсеј Французите не беаподобар противникн, за разлика од играчите на светскиот првак ги искористија своите шанси. Херојот на Франција е Антоан Гризман кој ги постигна двата гола во судиското надополнување на времето во првото полувреме и во 72.минута.

Франција во финалето ќе игра против Португалија, која во средата, со идентични 2-0 го совлада Велс. Фрнацузите трет пат ќе играат во финалето на едно ЕП, во претходните две ја освоија титулата, додека Португалија втор пат ќе се бори за титулата, пред 12 години Португалците го загубија финалето од Грција.

Франција пододбро влезе во мечот, го притисна противникот во воведните минути, а во седмата Гризман по двојното проигрување со Сисоко мина крај Боатенг, но биеше со десна и Нојер успеа да одбрани.

Французите потоа се повлекоа, целосно играта им ја препуштија на Германците кои загосподарија со теренот. Пет минути по шансата на Гризман, се обиде Емре Џан, но Љорис успеа да одбрани.

Потоа се редеа шансите на Германија, Љорис го одбрани ударот на Швајнштајгер, Дракслер креираше шанса за Милер кој шутираше крај голот, а непрецизен беше и Езил.

Во финишот на полувремето Боатенг загуби топка на центарот од теренот, Жиру трган кон Нојер но Ховедес успеа да го изблокира неговиот удар.

Мала паника завладеа во тие моменти во гермнската одбрана, Хектор непотребно изфрли една топка во корнер, кој го изведе Гризман, Швајнштајерг непотребно играше со рака, а Рицоли покажа на белата точка.

Гризман ја презеде одговорноста, го испрати Нојер во десната, а топката во чевата страна за 1-0.

Односот на силите на теренот не се смени ниту во второто полувреме, Германија го диктираше ритамот, а Фрнацузите поставени во две дефанзивни линии ја чекаа својата шанса од контранапад.

Германија по еден час игра остана без Боатенг кој го повреди бутниот мускул, на неговото место влезе Мустафи.

Во 72.минута Французите извршија силем притисок пред голот на Нојер, Погба ја освои топката, а потоа со брилијантен дриблинг се ослободи од Мустафи, успеа да нафрли, Нојер лошо го процени летот на топката, успеа само кусо да ја одбие, но до ногата на Гризман кој ја смести зад неговиот грб.

Антоан Гризман го постигна својот шести гол на ова европско првенство.

До крајот на мечот Дракслер се обиде од слободен удар, а во последната минута Љорис го одбрани одличниот обид со глава на Кимих.