Франција ги затвори границите по терористичките напади

0
392

На улицата Шарон во Париз и во познатата концертна сала Батаклан во која се одржуваат претстави во тек е заложничка криза, тврди полицијата. И во тек обид за упад во салата од страна на полицијата за ослободување на околу 100 заложници. Според сведоци на социјалните мрежи, непознати лица во салата ги убиваат присутните. Присутните со салата се надеваат дека полицијата брзо ќе реагира.

Францускиот претседател Франсоа Оланд, откако е евакуиран од фудбалскиот натпревар, прогласи вонредна состојба и ги затвори границите. „Французите мора да останат обединети и мирни“, порача, а нападите ги нарече тероризам. Во својата изјава, претседателот на САД, Барак Обама, рече дека ова не е напад само на Париз и на Французите, туку на целото човештво.

 

Без коментари

LEAVE A REPLY