Франција го изненади одбојкарскиот свет со победата во Светската лига

0
221

Дојдоа на мала врата во Рио, а го освоија најскапото одбојкарско натпреварување на светот. Одбојкарската репрезентација на Франција е сензационален победник на светската лига, откако во финалето на фајнал-сикс во Бразил, ја совлада Србија со 3:0 (25:19, 25:21, 25:23) за неполни 90 минути. „Галските петли„ кои имаат далеку повисок тим доминираа во текот на целиот меч, благодарение на нападите на Нгатеп и Рузие. Кога во третиот сет, момците на Никола Грбиќ поведоа со 22:18, се чинеше Србија може да направи подвиг како против Полска и САД. Но тогаш пак проработе карактерот на французите и благодарение на блокот „триколорите„ го свртеа сетот и со серија 7:1, дојдоа до финален триумф. Во мечот за третото место САД ја совлада Полска со 3:0 (25:22, 25:23, 25;23). Петтото и шестото место им припадна на традиционално најдобрите репрезентации во историјата на светската лига, Италија и Бразил. Минатата година во Фиренца, светската лига ја освои Русија.