Франција и се заканува на Велика Британија во случај на Брегзит

0
546

Францускиот министер за економија Емануел Макрон смета дека Европската унија треба да заземе цврст став кон Велика Британија, ако таа избере да го напушти, и вели дека Франција ќе биде неотстаплива на крајот на јуни на самитот по британскиот референдум.

“Или си внатре или надвор. Европскиот совет треба да упати ултиматум кон Британците за нивните намери и претседателот на Република Франција ќе е јасен во овој поглед “, објаснува Макрон во интервју денес во весникот  „Mond“.

Според францускиот министер, ако Британците сакаат да го задржат пристапот до европскиот пазар , тие ќе треба да учествуваат во буџетот на ЕУ, како што тоа го прават Норвешка и Швајцарија.

При откажување – “тие треба целосно да го напуштат”, нагласува тој. Дури и ако како резултат на британскиот референдум Британија остане во ЕУ, Макрон смета дека особен статус , договорен од Лондон на почетокот на годината, треба да остане исклучок, за “да се избегне заразата” од слични барања од страна на други земји-членки Макрон кој е за поголема европска интеграција, сака ЕУ да покаже поголема амбициозност за прашањата на одбраната и на енергетската транзиција што се однесува до еврозоната.

Денес сепак сме блокирани од две забрани: француско табу во врска со трансфер на суверенитет, и германско табу – за финансиските трансфери и солидарноста. Не може да се постигне напредок, без тие да бидат отстранети, вели Макрон.