Франција и Швајцарија со реми, Албанија првпат слави на ЕУРО

0
643

Фудбалската репрезентација на Швајцарија избори пласман во осминафиналето на Европското првенство откако одигра 0-0 со Франција, која уште по првите две кола обезбеди место во нокаут рундата. Во вториот натпревар од последното коло во А групата, Албанија го постигна првиот гол и ја забележа првата победа на големите натпреварувања, а Романија го заврши своето учество на ЕП.

Франција не успеа да постигне гол против Швајцарија иако Погба во првото и Паје во второто полувреме ја погодија рамката од голот на Зомер. Французите се први во А групата и во осминафиналето ја очекува меч со една од третопласираните екипи од групите Ц, Д или Е.

Швајцарија во нокаут рундата јаочекува вторпласираната селекција од Ц групата, а тоа најверојатно ќе биде Полска.

Албанија против Романија ја забележа историската прва победа на големите натпреварувања.Во Лион, единствениот гол го постигна Садику, по центаршутот на Маврај во 44-та минута.

Албанците имаат три бода во оваа група и доколку минат во осминафиналето за противник ќе го имаат победникот во Ф групата.