Франција пак се радува со гол во последната минута

0
399

Како и во премиерниот меч на шампионатот, домашната селекција на Франција го доби натпреварот против Албанија во второто коло од Групата А со двата гола постигнати во последните минути и практично е првата репрезентација која обезбеди осминафинале.

Победата на Французите им ја обезбедија Антоан Гризман во 90 и Дмитри Паје во петтата минута од судиското продолжување. Гризман со голот во последната минута ги спаси Французите, исто како што Паје го стори тоа во дуелот со Романија, а вториот во последните секунди само ја потврди победата на Франција.

Меѓутоа, домаќинот на европскиот шампионат против цврстата и дисциплинирана Албанија, покажа низа недостатоци, кои треба да го загрижат селекторот Дидие Дешам, во соочувањата со посилните и поискусни противници. Албанските фудбалери храбро одиграа, дури и напаѓаа, но трагично го примија првиот гол кој го реши победникот.