Франција стартуваше со воздушни напади врз милитантите од ИД во Сирија

0
244

Франција соопшти дека започна со првите воздушни напади врз милитантната група од ИД во Сирија. Во соопштението од претседателскиот кабинет е наведено дека со првите напади се погодени терористички цели кои претходно биле утврдени при извидничките мисии кои беа спроведени во изминативе две недели.

Во соопштението е наведено дека операцијата за борба против „терористичките закани од ИД“ е во координација со партнерите од американската коалиција. Меѓу другото во соопштението се повикува „сеопфатен одговор за сирискиот хаос.“ Во септември 2014 година Франција се приклучи кон американската коалиција за спроведување на воздушни напади против милитантите од ИД во Ирак откако екстремистичката група зазеде големи делови од сириската и ирачката територија.