Франција треба да му благодари на Паје што слави над Романија

0
625

Димитри Паје со брилијантен потег спречи изненадување на стартот на Европското првенство во фудбал. Домаќинот Франција во првиот ме на 15-то континетално првенство ја совлада Романија со 2-1 (0-0).

Франција не блескаше, напротив покажа многу слабости, но успеа во намерата да стартува со победа на ЕУРО 2016. Индивидуалното мајсторство на Паје, еден од ретките кои не потфрли вофранцускиот состав, им ги обезбеди трите бода на „триколорите“.

За разлика од Французите, Ромаците тактички одиграа беспрекорно,со висок пресингцелосно ја уништија организацијата на играта на противникот, а уште на стартот пропуштија можност да го шокираат домаќинот.

По корнерот на Станчу, во четвртата минута, Андоне од пет метри не успеа да го совлада Љорис.

Францијапрвата шанса ја имаше седум минути подоцна кога Гризман од три метри го погоди дирекот.

Во финишот Жиру биеше со глава над голот, а по асистенцијата на Паје Кирикеш го спречи Гризман да постигне гол.

Првиот гол на натпреварот го постигна Жиру во 57.минута. Паје нафрли од десната страна, а напаѓачот на Арсенал, во скокот, го фаулираше Татарушану пред со глава да ја сврти топката во голот.

Правдата за лошата одлука на Виктор Кашаи стигна четири минути подоцна, кога унгарскиот судија по невнимателниот старт на Евра врз Станчу покажа на белата точка. Сигурен реализатор беше Станку.

Примениот гол внесе дополнителна нервоза кај Французите кои не успеаја да посериозно а е заканат кон голот на Татарушану.

Агонијата ја прекина Паје, тој во претпоследната минута, поедна долга акција на десната страна успеа топката да ја намести на левата нога и со прецизен удар да го погоди подалечниот агол.

Првото коло во А групата ќе го комплетираат в сабота Швајцарија и Албанија.