Франција во жалост поради страшната несреќа

0
1625

Најмалку 42 лица, главно пензионери, загинаа во страшната сообраќајна несреќа на југозападот на Франција, во трагедија што ја растажи целата нација, пишува Ројтерс.

Бројот на мртви во директниот судир меѓу автобусот и камион кои потоа ги зафатил пожар ја прави оваа несреќа најтешка во Франција во повеќе од три децении.

Судирот се случи во гратчето Пуисген. „Видов облак од чад, се судрија на свиок кој е познат како опасен“, изјави локалната жителка Ивет Сегиј.

„Ова е грозен шок за Франција, страшна несреќа“, изјави премиерот Мануел Валс кој го посети местото на настанот во близина на Бордо со министрите за внатрешни работи и сообраќај Бернар Казенев и Ален Видал. На медиумите засега не им е дозволен пристап бидејќи полицијата почнала истрага. Се очекува и шефот на државата Франсоа Оланд, кој денес ја завршува посетата на Грција, веднаш по враќањето да се упати на југозападот на Франција.