Француската полиција го објави билтенот: 31 повредено лице во Марсеј

0
482

Полицијата во Марсеј конечно успеа да ги смири хулиганите и да го запре дивеењето по улиците и околу стадионот. Билансот на повредени изнесува 31 лице, од нив четворица се со сериозни повреди и во тешка ситуација.

Од споменатите четворица кои завршиле на реанимација во локалните болници, тројца се полицајци. Четвртиот е англиски навивач на 51-годишна возраст, кој е во животна опасност. Тој бил нападнат со метални шипки при што добил тешки удари во главата.

По тридневните судири уапсените се вкупно 17 хулигани, а се уште се трага по останатите вмешани во големите инциденти на улиците на Марсеј.