Француската полиција го уапси лидерот на ЕТА

0
271
Министерството за внатрешни работи на Шпанија соопшти дека француската полиција го уапси лидерот на баскијската милитантна група ЕТА.
Шпанските власти велат дека Микел Ирасторза, кој моментално е првиот човек на „ЕТА”, бил уапсен во францускиот град Аскаин во близина на границата со Шпанија.
ЕТА 2011 година објави дека се откажува од употребата на насилство во својата борба за стекнување на независноста на Баскија, подрачјето во северна Шпанија и југозападна Франција. Милитантната група, која се обвинува за повеќе од 800 смртни случаи од првото убиство 1968 година, не е распуштена.
Француската полиција најави дека ќе продолжи истрага за ЕТА и не ја исклучи можноста од уште апсења.