Француски туристи заинтересирани за меморијален туризам во Мариово

0
1178

Туроператори од Франција се заинтересирани за развој на меморијален туризам во Мариово, бидејќи на ова подрачје се зачувани голем број на локации од времето на Првата светска војна Од општина Новаци велат дека отворањето на Мариово за развој на меморијален туризам директно ќе влијае врз локалниот економски развој врз пелагонискиот регион

-Најчестите јавувања за директни средби и посети доаѓаат од туристи и туроператори од Долна Нормандија но барања има и од други на Франција. Новите генерации заинтересирани се да истражуваат и да се информираат за периодот од Првата светска војна и борбите што се воделе во Мариово, изјави Лазар Котевски градоначалник на Новаци

Делегација од Новаци неодамна престојуваше во Франција каде се договорени и детали за промоција на мариовскиот регион пред француските туристи.

-Се врши деминирање на една патека во должина од 6 километри и ќе поставиме водич за теренска прошетка, изјави Катерина Чукалевска соработник за алтернативен туризам и занаетчиство во општина Новаци.

Во наредниот период е планирано и откопување на затрупаните магацини и болници во Мариово  од Првата светска војна