Француски воен авион „опасно се приближил“ до руско патничко летало, Франција тврди дека бил швајцарски

0
209

Францускиот амбасадор во Русија бил повикан од рускиот министер за надворешни работи откако воен авион на француските воздухопловни сили наводно дошол опасно блиску до руски авион во кој бил спикерот на Државната дума, Сергеј Наришкин.

Од амбасадорот во Русија Жан-Морис Рипер било побарано да објасни зошто авион на француските воздухопловни сили наводно му пришол на руски патнички авион што летал кон Швајцарија превезувајќи парламентарна делегација предводена од Наришкин, објави дипломатската мисија.

„Изразивме длабока загриженост во врска со инцидентот“, изјави руското министерство. „Ова би можело да ја поткопа довербата со Париз и да биде пречка кога тој ќе посака да биде домаќин на големи политички настани.“

Наришкин и руската парламентарна делегација биле на пат кон Женева, каде што се одвива 133. Собрание на Интерпарламентарната унија.

Француското министерство за одбрана негира дека биле прекршени воздухопловните правила, тврдејќи дека ниеден француски авиони не бил вмешан во инцидентот. Француското МНР тврди дека авионот што опасно му се приближил на рускиот авион бил, всушност, швајцарски.

Сомнежот паднал на француските воздухопловни сили бидејќи женевскиот аеродром се наоѓа недалеку од границата на Швајцарија со Франција.