Француски волонтери со хуманитарен конвој тргнаа за Битола и Неготино

0
309

Здружението „Еспоар д’Ориент“ (Надеж на Ориентот) чие седиште е во Нанси, тргна со хуманитарна пратка кон Република Македонија, јавува дописникот на МИА од Париз.

Пратката ќе биде распределена на неколку места во Македонија, во Неготино и Битола. Во неа има облека, фотелји, наткасни, опрема за 13 соби на пензионерски дом, со исклучок на креветите. Покрај тоа тие понесоа, бањарки, постелнина, облека, бастуми, помагала за движења на стари лица, подвижна туш кабина за неподвижни лица и една професионална машина за перење наменета за домот за новороденчиња без родители во Битола.

Во конвојот составен од повеќе теренски возила опремени со приколки и комбиња, има вкупно тринаесет лица кои тргнаа на пат за Битола.

Беатрис, Жоел, Клод Моник, Пиеро, Серж, Жаки, Џерард … Најголемиот број од нив се на возраст од педесет и шеесет години, но исто така се поддржани од повеќе млади луѓе како Пол, Фкер, Жустин, Давид, 35 и најмладата Манон, 14 години! Сите се волонтери, сами го плаќаат горивото за долгото патување, храната, сместувањето…

Хуманитарната пратка ја собираа во текот на цела една година во скоро целиот северен дел на Франција од Лил, Рен, Колмар, Нанси, па дури и од Белгија.

Ова не е прва нивна „авантура“ кон Истокот на Европа, тие имале хуманитарни акции во Молдавија, Бугарија, Албанија, низ Македонија пропатаувале, а со помош на здржениетот на пријатлество АЛМА (Алзас-Македонија) чиј претседател е Жак Шлеф и кој лично дојде од Стразбур да ги испрати кон Македонија, со поддршка од амбасадорот на Република Македонија при Советот на Европа, Петар Поп Арсов, тие успеаа да утврдат кон што ќе биде насочена нивната хуманитарна мисија.

Авантурата на ова здружение започна во 1995 година, кога со теренски возила транспортирале доброволно хуманитарна помош. Денес тие се помалку користат теренски возила. А многу повеќе транспортни возила. Нивниот пат од Нанси до Битола и назад ќе трае до 12 август, или вкупно 6.400 километри. Бидејќи тие не заминаа за Македонија, само со хуманитарна помош, туку и со желба да ја запознаат земјата и луѓето кои живеат во неа. Најголемиот број од учесниците во конвојот ќе бидат по прв пат во Македонија за која од другите кои веќе престојувале слушнале само убави нешта.