Францускиот филм денеска го прекинува сообраќајот меѓу Градско и Неготино

0
1118

Според известувањето од Мануфактура продукција, денес според планот на снимање за филмот „А Фонд“, најавено е затворање на делот од автопатот А1, од Градско до Неготино во периодот од 05 – 18 часот. Утре нема снимање и сообраќајот ќе се одвива нормално.

Д АМСМ, пак, најавуваат прекин на сообраќајот на Кичево-Охрид на делот помеѓу Пресeка и село Врбјани. Ќе има минирање на патот, па ќе биде кратко во прекин 15-20 минути некаде меѓу 14:30-16:30 часот.

Инаку, сообраќајот на сите државни патишта се одвива по суви коловози.

АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Посебно внимание е потребно на делниците кои минуваат низ клисурите и засеците, особено на патните правци Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Демир Капија – Удово, Кочани – Делчево, Виница – Берово каде е можна почеста појава на одрони.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата. Оваа информација се однесува само за македонската страна на премините.