Француско вино и специјалитети во Мезе бар 102

0
657
Традиционалната- француска вечер во Битола,оваа година беше одржана во Мезе бар 102, во организација на француската Алијанса.
Вкусот на Франција беше презентиран преку француските специјалитети но и дегустацијата на француското вино Божоле.
Во француските вина се соединуваат многу карактеристики на регионот од кој потекнува: структурата на земјата и нејзиниот состав, бројот на сончеви денови и друго.
Виното говори за човекот кој го произведува. Тоа го отсликува неговиот карактер, неговото културно и историско наследство, неговата филозофија и етика. Најпознати региони на вино во Франција се Бордо, Божоле, Кот ди Рон и Прованса.
Изминатиот период, Француската алијанса беше партнер со Центарот за култура за овогодинешното издание на Фестивалот на музика од светот, на кој настапи реномираната музичка звезда Наташа Атлас.