Французин во Битола казнет со 1000 евра

0
1769

СВР Битола поднесе кривична пријава против Б.П. (60) од Р.Франција, со привремен престој во Р.Македонија, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „напад на службено лице при вршење работи на безбедноста“. Со пресуда на Основен суд Битола пријавениот е казнет со парична казна од 1.000 евра во денарска противвредност. Пријавениот на 21.05.2017 година во Битола, додека полициски службеник од СВР Битола вршел работи од областа на безбедноста, со шише замавнал кон полицискиот службеник и му упатувал сериозни закани.